Најмалку 70 студенти се убиени, а околу 80 се повредени во денешниот напад врз универзитетскиот кампус во кенискиот град Гариса.
Претходно, министерот за внатрешни работи на Кенија, Џоузеф Нкаисери изјави дека е уапсен еден од напаѓачите.
– Еден од осомничените терористи е уапсен додека се обидувал да побегне, напиша министерот Нкаисери на социјалната мрежа Твитер.
Сомалиската терористичка организација Аш Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Засега не е познато колку студенти се блокирани во кампусот, каде сомалиските терористи држат заложници и водат престрелка со безбедносните сили.