Најмалку 70 исчезнати на Филипините по разорувачкиот тајфун

Од:

Стотина спасувачи денеска ја продолжуваат потрагата по десетиците исчезнати во масовниот одрон на тлото, предизвикан од тајфунот Мангхут, одговорен за смртта на 81 лица на Филипините.

Повеќето мртви и исчезнати се од северните области на Кордилера, вклучително и од најпогодената провинција Бенгет, каде поради одрон на земјиштето беше затрупано старото рударско место во Итогон.

Спасувачите со лопати и мотики копаат по калта во селото Укаб во општината Итогон, каде се случи најголемиот од петте одрони на земјиштето.

– И натаму стојам на тоа дека тоа се „спасувачки операции“, бидејќи не сакаме да изгубиме надеж дека таму има уште преживеани, изјави претседателскиот советник за надгледување на операции за помош, Францис Толентино.

Повеќе од 236.000 жители се раселени поради тајфунот Мангхут, најсилен досега на Филипините оваа година, кој му наштети на земјоделството, а штетата се проценува на 270 милиони долари, соопшти Националната комисија за катастрофи.

Филипините во просек ги погодуваат 20 циклони секоја година, предизвикувајќи поплави, одрони на тлото и други несреќи.

Најсилниот тајфун во блиската историја беше тајфунот Хаијан, кој ја погоди земјата во ноември 2013 година, при што загинаа 6.300 лица, и беа раселени повеќе од четири милиони.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски