Најмалку 69 загинати и 63 исчезнати во нападот на исламистите во „Вестгејт мол“ во Најроби

Од:

Најмалку 69 лица се убиени, а 63 се водат како исчезнати од почетокот на нападот на сомалиските исламисти врз трговскиот центар „Вестгејт“ во кенискиот главен град Најроби, соопшти денеска Црвениот крст на Кенија.

Ова е прво соопштение во кое се говори за исчезнати лица од почетокот на нападот во саботата.

Во претодните податоци на Црвениот крст се наведуваа 68 загинати и речиси 200 ранети.

Кениските сили за безбедност утринава извршија нов напад врз екстремистите од сомалиската исламистичка група Аш Шабаб, кои се забарикадирани во „Вестгејт мол“.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца