Најмалку 69 лица се убиени, а 63 се водат како исчезнати од почетокот на нападот на сомалиските исламисти врз трговскиот центар „Вестгејт“ во кенискиот главен град Најроби, соопшти денеска Црвениот крст на Кенија.
Ова е прво соопштение во кое се говори за исчезнати лица од почетокот на нападот во саботата.
Во претодните податоци на Црвениот крст се наведуваа 68 загинати и речиси 200 ранети.
Кениските сили за безбедност утринава извршија нов напад врз екстремистите од сомалиската исламистичка група Аш Шабаб, кои се забарикадирани во „Вестгејт мол“.