Најмалку 59 деца колабираа како последица на хемиско труење во гимназија

Од:

Најмалку 59 деца колабираа како последица на хемиско труење во гимназија во Пирна, Германија.

На часовите по физичко, седум деца прво се пожалиле на мачнина, вртоглавица, трнење во рацете или нозете. Тремор на рацете пријавила и професорката по физичко.

Оваа сала ја користат две училишта, едно основно и едно средно. Двете училишта веднаш ги повикале надлежните. Во гимназијата биле испратени неколку амбулантни возила, а лекарите, како што пренесува Билд, имале се повеќе работа.

До пладне бројот на деца кои се пожалиле се искачи на 32. Полицијата тогаш соопшти дека до доцна попладне се повредени „59 ученици и еден наставник“ на кои им била укажана лекарска помош на лице место, но 12 деца морале да одат на болница.

Според провинцискиот совет, од овој инцидент биле погодени вкупно 63 лица, од кои 22 се пренесени во болница.

“На четвртиот час имавме физичко образование. Немаше мирис кога влеговме во салата, но почнаа да ме болат главата и вратот. Наставничката не изнесе од салата. Ни рекоа дека истекла некоја хемикалија” изјави еден ученик во осмо одделение за Билд.

Портпаролот на полицијата Марко Ласке изјави дека, според првичните информации, до инцидентот дошло како последица на употреба на хемиско средство за чистење.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година