Најмалку 56 лица загинати и над 400 повредени во силен земјотрес во Кина

Од:

Најмалку 56 лица загинаа, 412 се тешко повредени, а 14 се водат како исчезнати во земјотресот со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погодија северозападниот дел на Кина, соопштија локалните власти.

Властите во градот Дингси, во провинцијата Гансу, истакнаа дека повеќе од 21.000 згради се тешко оштетени, а над 1.200 се урнати.

Кинескиот Центар за следење на земјотреси соопшти дека епицентарот на потресот бил на 150 километри западно од местото Беидао, а веднаш по него се регистрирани 371 други, од кои најсилниот бил со интензитет од 5,6 степени.

– Жртви и повредени има во округот Мин и другите рурални делови на Гансу, изјави Танг Сиаоминг, градоначалникот на Дингси, град од 2,7 милиони жители.

Танг нагласи дека најголема материјална штета е причинета во окрузите Мин и Џанг, каде десетици куќи се оштетени, а снабдувањето со електрична енергија и телефонската мрежа се во прекин.

Спасувачките екипи се обидуваат да најдат преживеани под урнатините, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија