Најмалку 55 лица загинаа во нападите на исламистичката група Боко Харам оваа недела во близина на Мајдугури, главниот град на државата Борно во североисточниот дел на Нигерија.
– Борците на Боко Харам ги нападнаа селата Бале и Кајамла, каде се убиени најмалку 55 луѓе и запалиле неколку куќи откако претходно извршиле кражба, изјави членот на локалниот одбор за граѓанска самозаштита, Абача Зинари.
Тој истакна дека напаѓачите потоа тргнале кон предградието на Мајдугури, каде биле убиени од војската.
Жителите на селата тврдат дека биле запалени 50 куќи.