Најмалку 55 убиени во етничките судири во суданскиот регион Јужен Дарфур

Од:

Најмалку 55 лица се убиени за време на етничките судири меѓу земјоделците и сточарите во регионот на Јужен Дарфур, во Судан, изјави денеска владиниот претставник Муса Махди Ишак , пренесе ДПА.

-Борбите меѓу земјоделците од етничката група Фалата и сточарите од етничката група Ризеигат избувнаа во неделата откако еден пастир беше убиен во градот Гереида, изјави за ДПА Ишак, гувернер на Јужен Дарфур.

За време на судирите се ранети многу луѓе, додаде Ишак.

Германската агенција потсетува дека најмалку уште 83 лица загинаа, а 160 други беа повредени во одделните судири во текот на минатиот викенд меѓу различни етнички групи во градот Ел Жeнеина, во соседниот регион Западен Дарфур.

Насилството е предизвикано откако едно лице од арапска етничка група било прободено со нож од припадник на етничка група Масалит, наведе Здружението на правници во Дарфур.

До судири доаѓа на само две недели откако мировниците на Обединетите нации ги прекинаа своите патроли во регионот Дарфур, подготвувајќи се за целосно повлекување.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска