Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Еквадор во саботата навечер веќе достигна најмалку 525 жртви, покажуваат најновите податоци на властите.
Меѓу жртвите се 11 странци. Околу 1.700 лица се водат за исчезнати.
Над 2.500 луѓе биле повредени во потресот со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала – најсилен во Еквадор од 1979 година
Меѓу загинатите се тројца кубански лекари кои работат во оваа јужноамериканска земја, пренесоа американските медиуми. И покрај тоа, Куба испрати уште медицински персонал во Еквадор за да им помогнат на настраданите во земјотресот.