Најмалку 50 лица загинаа денеска во експлозија на автомобил наполнет со експлозив на фреквентен пазар во нигерскиот град Мајдугури, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на очевидци.
Според полицијата, нападот е дело на екстремистичката група “Боко Харам“.
Експлозивот бил сокриен под возило пикап, што било натоварено со јаглен.
Очевидци јавуваат дека виделе најмалку 50 трупови и дека во експлозијата се запалени пет возила и неколку такси трицикли.
Според изворите, бројот на жртвите и штетата можат да бидат поголеми, но поради релативно раниот тајминг на активирање на експлозивот, 8 часот наутро по локално време, на пазарот немало многу продавачи и купувачи.
Во последниот 1,5 месец групата “Боко Харам“ изврши серија напади во кои загинаа повеќе од 500 лица. Само минатата недела во експлозиите, што беа дело на групата, во трговскиот центар во Абуџа загинаа 24 лица, најмалку осум во медицинскиот колеџ во севериот град Кано, и 10 во хотел со проститутки во североисточниот град Баучи.