Две жени-самоубијци се разнесоа денеска на пазар во севоисточната нигериска држава Кано, при што најмалку 50 лица загинаа, а десетици се повредени, јавуваат западните медиуми.
Еден сведок изјавил дека една од експлозиите се случила на влезот од пазарот, додека втората експлозивна направа била активирана внатре во центарот на пазарот.
Западни медиуми, пак, пренесуваат дека зад првата експлозија стои тинејџер бомбаш-самоубиец, а за втората е одговорен повозрасен маж.
Друг очевидец тврди дека тој е еден од оние луѓе кои го спречиле младиот бомбаш-самоубиец да влезе во пазарот, па затоа бил принуден да ја активира направата на влезот.
Трговците биле забележани како носат трупови и повредени лица со сопствени автомобили во болниците.
Шефот на полицијата во Кано, Мухамаду Кацина го потврди инцидентот, додавајќи дека двете експлозивни направи биле активирани од жени-самоубијци. Според него само три лица загинале во нападот, а осуммина се повредени.