Најмалку 50 мртви или исчезнати по израелскиот напад врз станбена зграда во Газа

Од:

Повеќе од 50 Палестинци се убиени или се водат како исчезнати по израелскиот воздушен напад врз станбена зграда во областа Џабалија ал-Балад во северниот дел на Појасот Газа, соопшти денес Цивилната одбрана.

Екипите на терен го опишаа местото на настанот како „ужасен масакр“, велејќи дека четири тела се извлечени од урнатините на четирикатната зграда, додека шест лица се спасени, објави Ал Џезира.

Сепак, се верува дека повеќе од 50 луѓе се уште се заробени под урнатините.

Би можело да ве интересира

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари

Миршајмер: Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

САД вршат притисок врз Израел за деескалација на конфликтот во Либан