При напад на тинејџер-самоубиец во џамија во градот Муби, североисточна Нигерија, загинаа најмалку 50 луѓе.
– Нападот е изведен за време на утринската молитва, при што се повредени десетици лица, изјави портпаролот на полицијата Отман Абубакар,
Тој додаде дека стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи голем број лица се стекнале со сериозни повреди.
Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, иако наликува на нападите на исламистичката терористичка група Боко Харам.