Најмалку 50 лица загинаа при експлозија на цистерна во Нигерија

Од:

Најмалку 50 луѓе загинале во нигериската сојузна држава Бенуе откако се запалило гориво при преточување од оштетен камион со цистерна, изјави портпарол на регионалната Влада.

– Цистерна полна со гориво се преврте вчера и луѓето почнале да го собираат остатокот од горивото во неа, по што избил пожар и загинаа 50 луѓе, истакна портпаролот, додавајќи дека во инцидентот има и тешко повредени лица кои се пренесени в болница.

Таквите инциденти се релативно чести во Нигерија. Последен случај беше во октомври минатата година кога луѓе собирале нафта истечена од оштетен нафтовод во југоисточниот дел на земјата, по што избил пожар во кој загинале 60 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија на камион цистерна во Нигерија

А1он

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс