Најмалку 48 жртви во два самоубиствени напади во Авганистан

Од:

Најмалку 48 лица загинаа во два одвоени самоубиствени напади на талибанците во авганистанскиот главен град Кабул и провинцијата Парван.

Првиот напад се случил вчера претпладне во провинцијата Парван во кој загинале 26 лица, а 42 биле повредени.

Нападот се случил на изборен митинг на кој присуствувал и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој не е повреден, а повеќето жртви биле цивили.

Веднаш по првиот напад, извршен е самоубиствен напад во близина на амбасадата на САД во Кабул, при што загинаа 22, а беа повредени 38 лица. Повеќето од жртвите и во тој напад биле цивили.

Талибанците ја презедоа одговорноста за двата напади.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан