Најмалку 47 лица загинаа во три бомбашки напади во Нигерија

Од:

Најмалку 58 луѓе загинаа, а 139 се повредени денеска во три одделни бомбашки напади во Маидугури, најголемиот град во североисточниот дел на Нигерија, соопштија очевидци и локални претставници.

Меѓу жртвите има голем број на жени и деца.

Претседателот на синдикатот на рибари Абубакар Гаманди, кој и самиот бил очевидец, изјави дека првиот напад бил извршен од жена-самоубиец која го активирала експлозивот пред пазар за риба, при што загинале најмалку 18 лица.

Во вториот напад, кој следел еден час подоцна на друг пазар, се убиени најмалку 15 лица, тврди Гаманди, повикувајќи се на очевидци и здравствени работници.

Комесарот за правда на државата Борно, Кака Шеху ги потврди двата бомбашки напада, додавајќи дека трета бомба експлодирала малку подоцна на фреквентна автобуска станица.

Маидугури е двомилионски главен град на нигериската држава Борно, која се смета како упориште на екстремистичката група Боко Харам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он