Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан

Од:

Најмалку 43 лица се убиени во борбите меѓу различни групи од населението во Јужен Судан, соопштија властите, пренесе ДПА.

-Членови на групата Мурле денеска нападнаа село во државата Џонглеј, изјави локалниот претставник Дејвид Манок. Во вториот напад има четири жртви. Покрај тоа, украдени се и десетици говеда.

Ваквите судири се честа појава во оваа источноафриканска земја, а често пати се случуваат за земјиште и добиток. По неколку децении конфликти во Јужен Судан, многу луѓе се вооружени.

ОН неодамна предупреди дека ваквите борби можат да го уништат мировниот договор меѓу страните во граѓанската војна.

Граѓанската војна што избувна во 2013 година, официјално заврши со мировен договор во 2018 година, но преодната влада формирана во февруари од претседателот Салва Киир и лидерот на бунтовниците Ријек Мачар е кревка.`

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукотница на Универзитетот во Лас Вегас, американските медиуми јавуваат за повеќе жртви

Горан Наумовски

Двајца гостиварци убиja два коња

Во последните 20 години загинаа повеќе од 1600 новинари

Двајца убиени во престрелка во близина на Штутгарт

Горан Наумовски

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

(ВИДЕО) Петмина убиени во главниот град на Северна Каролина, уапсен е вооружениот напаѓач

Горан Наумовски