Најмалку 42 лица загинаа, додека 17 се повредени во сообраќајна несреќа до која утрово дошло во Пакистан кога патнички автобус се судрил со тракторска приколка, соопшти локалната полиција.
Според полицијата, меѓу загинатите има 17 жени и деца.
Полицискиот претставник Зиа Сумро изјави дека автобусот патувал кон север, односно кој градот Пану Акил, кога наишол на приколка паркирана покрај автопатот.
– Причините за несреќата сè уште се истражуваат- рече тој.
Сумро додаде дека некои од повредените се во тешка состојба, па е можно бројот на жртвите да се зголеми.