Најмалку 41 лице убиени во напади врз два затвори во Ирак

Од:

Најмалку 41 лице загинаа во напади врз два затвори во Ирак, што започнале синоќа и траеле до утринските часови, соопштија денеска ирачките власти.

При нападите загинале 20 полицаајци, чувари и војници и 21 затвореник, додека 41 осуденик биле повредени.

Координираните напади врз Абу Граиб, на запад од Багдад и Таџи, северно од главниот град, траеле околу десет часа, во обид да бидат ослободени затвореници. Седуммина затвореници од Абу Граиб успеале да побегнат, но набрзо биле фатени од полицијата.

Нападите почнале со минофрлачки напад врз затворите, по што автомобили-бомби и експлозивни средства експлодирале пред нивните влезови. Дополнително тројца бомбаши-самоубијци со појаси со експлозиви се разнеле пред портата на затворот во Таџи.

Судирите траеле цела ноќ, а интервенирале и борбени хеликоптери на армијата. Ситуацијата во двата затвора сега повторно е под контрола.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија