Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Од:

Најмалку 40 мигранти ги загубија животите кога бродот со кој пловеле се запалил во близина на брегот на Хаити, објави во петокот агенцијата на ОН, а очевидци објаснија дека трагедијата била предизвикана од вуду ритуал.

Според преживеаните, пожарот избувнал на бродот кога патник запалил свеќа за да изврши вуду „церемонија“, а на бродот имало и бензин, изјави за AFP портпаролот на транспортната компанија.

Вуду обредите понекогаш ги практикуваат мигрантите кои одат на море со цел да го заштитат преминот и да ја избегнат крајбрежната стража.

Бродот со „повеќе од 80 луѓе“ го напуштил Лабади во северниот дел на Хаити и се упатил кон островите Туркс и Каикос, архипелаг оддалечен 250 километри, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Крајбрежната стража на Хаити спасила 41 мигрант за кои ИОМ се грижела, единаесет од нив се префрлени во болница на лекување, вклучително и поради изгореници, објави агенцијата на ОН.

Седум повредени лица се во тешка состојба, изјави Аролд Жан, портпарол на полицијата на Хаити во департманот Норд.

„Потрагата продолжува со цел да се најдат други преживеани“, нагласи тој, додавајќи дека истрагата е отворена за „идентификување и разбивање на мрежите што ги организираат овие тајни патувања“.

„Социо-економската ситуација на Хаити е во агонија. Екстремното насилство во последните месеци само ги охрабри Хаиќаните уште повеќе да прибегнуваат кон очајнички мерки за да ја напуштат земјата“, реагираше шефот на мисијата на ИОМ во земјата, Грегоар Гудштајн во соопштението за медиумите.

Би можело да ве интересира

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски