Најмалку 40 луѓе загинаа при експлозија во близина на воен пункт во североисточна Нигерија. Меѓу загинатите има и пет војници.
Експлозивната направа била детонирана во градот Муби, во нигериската сојузна држава Адамава, најверојатно од членови на исламистичката терористичка група Боко Харам.
Во последните неколку недели во градот имаше повеќе судири меѓу нигериската армија и Боко Харам. Во вторникот загинаа повеќе од 40 луѓе во два самоубиствени напади на пазарот во Мајдугури, главниот град на соседната држава Борно.