Најмалку 40 убиени во експлозија на две бомби во Нигерија

Од:

Во екксплозија на две бомби во близина на автобуска станица во централниот нигериски град Џос убиени се најмалку 40 лица, пренесоа британските медиуми.

Во бомбашките напади во мај годинава, во истиот овој регион, што им се препишува на екстремистичката група Боко харам, беа убиени 118 лица.

Боко харам е сунитско џихадистичко движење, кое веќе пет години води војна за воспоставување исламиска држава во североисточниот дел на Нигерија.

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан минатата година прогласи вонредна состојба во три североисточни држави. Оттогаш бројот на напади драстично е зголемен, а тоа наводно се должи на наближувањето на изборите, закажани за февруари 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он