Најмалку 38 лица загинаа, а над сто се повредени во напад на бомбаш-самоубиец пред паркот во градот Лахоре на истокот на Пакистан, соопштија претставници.
Експлозијата се случила пред излезната капија на паркот неколку метри од детските лулашки.
– Најмалку 38 лица се убиени, а над сто повредени. Повеќето од жртвите се жени и деца, рече Мустансар Фероз, началник на локалната полиција.
Досега над 30 тела се префрлени во повеќе градски болници.