Најмалку 361 загинати во свлечишта во Колумбија

Од:

Најмалку 316 лица, меѓу кои над сто деца загинаа во катастрофалните свлечишта, кои по поројните дождови кон крајот на март го погодија југозападниот дел на Колумбија, соопшти колумбиската Влада.

Министерот за екологија, Луис Алберто Муриљо најави дека подрачјето, каде што се случи несреќата во Мокоа ќе биде прогласено за „целосно заштитетна зона“, што значи дека отсега индустриските активности, ќе бидат изведувани надвор од тоа подрачје.

Во несреќата се повредени најмалку 332 лица, а 4.506 лица останаа без домови.

Свеличиштата практично го затрупаа колумбискиот град Мокоа со 70 илјади жители, по поплавите кои настанаа како последица на повеќедневните поројни дождови.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски