Најмалку 36 загинати во нападот во казино во Манила, властите тврдат дека станува збор за грабеж

Од:

Најмалку 36 лица загинаа во нападот во казино Манила, кое беше запалено синоќа од вооружен маж, кој загина во инцидентот, а портпаролот на претседателскиот кабинет, Ернесто Абела тврди дека не станува збор за тероризам, туку за грабеж.

– Нападот во Манила не е поврзан со терористичка акција, рече Абела, со што ги потврди претходните изјави на претставници на полицијата.

Началчникот на полицијата на главниот град на Филипините, Оскар Албајалде изјави дека лицето, кое го предизвикало пожарот и чие тело е пронајдено на местото на инцидентот, веројатно е странец.

– Изгледа како маж од Европа, зборувал англиски, висок е и бел, значи најверојатно е странец, додаде тој.

Телата на 36 загина лица се пронајдени денеска во казиното, кое се наоѓа во туристичкиот комплекс „Рисорт ворлд Манила“. Повеќето од нив се задушиле по избувнувањето на пожарот, соопшти полицијата.

Уште 54 лица се повредени како последица на труење со чад. Има и ранети во турканиците меѓу посетителите, кои во паника се обидувале да го напуштат објектот. Според полицијата самиот напаѓач се самоубил.

Шефот на филипинската национална полиција Роналд дела Роса изјави дека напаѓачот планирал да го ограби казиното, украл чипови, кои може да се сменат за пари. Тој ги полеал со запалива течност масите во казиното и ги запалил. Од салата потоа се слушнала експлоизија.

Одговорноста за нападот претходно ја презеде терористичката групација Исламска држава, но според началникот на филипинската полиција тоа најверјатно е направено со пропагандна цел.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски