Најмалку 359 загинати во земјотресот во Авганистан и Пакистан

Од:

Билансот на загинатите во вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди североисточниот дел на Авганистан, а беше почувствуван и во Пакистан, Индија и Таџикистан, според најновите податоци достигна 359 лица.

Според официјалните податоци, бројот на загинатите во Пакистан достигна 275 лица, во Авганистан 80, а четри жртви има и во хималајските области на Индија.

Во Пакистан како повредени се регистрирани над 1.800 лица, а во Авганистан околу 260.

Властите очекуваат бројот на жртвите и натаму да се зголемува особено по добивањето на податоците од одалечените планиски области.

Како што јави ДПА, пакистански воени авиони денеска, 24-часа по земјотресот, пристигнале до планинските региони, каде отсечени од светот останаа неколку илјади лица. Во рамките на оваа прва хуманитарна мисија по земјотресот авионите доставиле храна и лекови до жителите во областа Читрал.

Земјотресот беше регистриран на длабочина од 213,5 километри под површината на Земјата, со епицентар на 82 километри југоисточно од градот Фејзабад на планината Хиндукуш во Авганистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица