Најмалку 35 лица загинаа денеска при експлозија на бомба во една шиитска џамија во областа Шикарпур во јужен Пакистан, соопшти претставник на пакистанската полиција.
Тој прецизира дека 31 лице загинале на самото место на нападот, а уште четири други им подлегнале на здобиените повреди на пат кон болница.
Според полициски извори, околу 50 други лица се повредени во терористичкиот напад, извршен по редовната петочна молитва во џамијата.
Претставник на полицијата изјави дека се стравува оти конечниот број на жртвите може да биде поголеми, затоа што, како што рече, станувало збор за „моќна експлозија“.
Локалните медиуми тврдат дека експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, но пакистанската полиција одби да го коментира ваквото тврдење на медиумите.
– Истрагата е во тек и засега не е се знае што ја предизвика експлозијата, ниту кој стои зад нападот, изјави претстваник на полицијата во Шикарпур.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на сунитските бунтовници, кои често напаѓаат шиитски светилишта.