Најмалку 35 лица се убиени во најновиот напад на исламистичката група Боко Харам во североисточна Нигерија, соопштија нигериски армиски извори.
Десетици екстремисти, облечени во воени униформи, со џипови и мотоцикли упаднале во три села во државата Борно и веднаш отвориле оган врз локалните жители, а со Молотови коктели им ги запалиле куќите.