Најмалку 34 лица загинаа во воздушен напад на ирачките вооружени сили

Од:

Најмалку 34 лица загинаа, а 46 беа ранети во напад на ирачки воени хеликоптери врз исламистички борци, кои се кријат во две џамии во централниот дел на Ирак, изјавија очевидци, јави ДПА.

Во воздушните напади на ирачката авијација врз џамијата во градот Бајџи, во кој се кријат борци на радикалната групација Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ) се убиени најмалку 31 лице, меѓу кои и припадници на армијата, земени од ИДИЛ како заложници.

Во Тикрит хеликоптерите не ја погодиле целта, при што ракетите паднале надвор од џамијата, усмртувајќи тројца цивили.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија