Најмалку 33 лица загинаа во човечко стампедо во Гвинеја

Од:

Најмалку 33 луѓе загинаа меѓу кои и 11 деца во човечко стампедо што се случи на концерт на рап музика на плажа во предградие на главниот град на Гвинеја, Конакри.

Владата на Гвинеја прогласи тридневна жалост поради како што наведе, „трагичната драма“ што се случи во момент кога на сцена излегла популарната гвинејска рап група „Инстикт килерс“.

Стампедото настанало по концертот кога луѓето се обидувале да излезат. Масата сакала да излезе, но јаже им попречило пат.

Луѓето кои биле одзади почнале да ги туркаат оние напред, создавајќи масовна паника, изјави полициски претставник. Во тек е истрага во која ќе се утврди причината за трагедијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку 18 жртви во уривање на рудник за злато во Гвинеја

Ана Ололовска

Иран, Гвинеја и Вануату повторно имаат право на глас во Генералното собрание на ОН

Ана Ололовска

По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата

Воената хунта во Гвинеја ги замрзна сите владини банкарски сметки

Ана Ололовска

Гутереш го осуди насилното преземање на власта во Гвинеја

Ана Ололовска