Најмалку 30 загинати во етнички судири во Јужен Судан

Од:

Најмалку 30 луѓе загинаа, а десетици се повредени во судирите поради стока меѓу две раскарани етнички заедници во Јужен Судан.

Млади припадници на етничката група Динка Гок од државата Лакес, вооружени со автоматски пушки осум часови марширале и го нападнале ривалското етничко племе Динка Рек во државата Варап.

Во судирот 22 загинале, а 18 се повредени од заедницата Динка Гок, додека од Динка Рек загинале деветмина, а 24 се повредени.

Судирот се случил во петокот, но за него соопштиле преживеаните припадници откако се вратиле кај своите семејства.

Пред само две недели водени се преговори меѓу двете етнички групи при што е договорено разоружување на младите припадници на заедниците кои преземаат осветнички напади.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска