Најмалку 30 лица загинаа и речиси уште 100 се ранети во денешниот бомбашки напад во муслимански храм во јужен Пакистан, информира весникот „Дејли Пакистан“, цитиран од ТАСС.
Нападот бил извршен во регионот Хуб, во југозападната провинција Белуџистан, каде често пати има вакви напади од страна на исламиски бунтовници, посочува ДПА.
Според податоците на весникот, експлозијата била во внатрешниот двор на храмот „Хазрат Баба Шах Нурани“. Храмот се наоѓа на 100 километри северно од пристанишниот град Карачи, прецизираат британските медиуми.
Ранетите се префрлени во болниците во соседниот град Хуб и во Карачи, наведе припадник на спасувачките служби.
Министерот за внатрешни работи на провинцијата Мир Сарафаз Бугти ја потврди веста за загинати и ранети.