Најмалку 30 војници загинаа во воздушните напади во Јемен, кога се погодени владините сили во јужниот дел на градот Аден, каде се бореле против сепаратистите.
Командантот на специјалните сили во таа провинција, Мохамед ал Обан изјави дека трупите денеска тргнале кон Аден кога се извршени воздушните напади. Не наведува кој е одговорен за нападот, но истакна дека авионите биле од коалицијата.
Официјални претставници на Обединетите Арапски Емирати, кои исто така се дел од коалицијата против јеменските бунтовници Хути од 2015 година, одбија да дадат веднаш коментар.
Нападот се случи еден ден откако владини сили се испратени во Аден во обид да го преземат градот од сепаратистите.