Најмалку 30 повредени во пожар во печатница за пари во Франција

Од:

Повеќе од 30 луѓе се повредени, а стотици се евакуирани од запалена печатница за пари во Шамалиер, Франција. На пожарникарите им биле потребни три часа за да го изгаснат пожарот, јавија локалните медиуми.

На жителите на Шамалиер им било советувано да останат дома и да ги држат прозорците затворени.

Пожарот е ставен под контрола по три часа гаснење, а локалните власти соопштија дека пожарот не влијаел врз хемикалиите во објектот.

Официјални претставници соопштија дека 34 лица се здобиле со полесни повреди, од кои 10 се пренесени на лекување во болница. Меѓу повредените има и двајца пожарникари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата