Најмалку 30 повредени при експлозија во рафинерија во Мексико

Од:

Најмалку 30 лица се повредени синоќа при експлозија во рафинерија за нафта во југоисточната мексиканска сојузна држава Веракруз.

Според соопштението на локалната влада, експлозијата се случила во погон на државната нафтена компанија „Пемекс“ во пристанишниот град Коацакоалкос.

Властите наредија евакуација на стотици лица и затворање на сите училишта во градот.

Очевидци за мексиканските медиуми изјавиле дека делови од рафинеријата биле прекриени од големи пламени оган и густ чад.

Претставник на „Пемекс“ изјави дека делот од рафинеријата каде се случила експлозијата бил управуван од нејзината сестринска компанија „Мексихем“. Според него, експлозијата нема да предизвика застој во извозот на нафта.

Во 2012 година при експлозија во погон за гас на „Пемекс“ загинаа 33 лица, а една година подоцна при експлозија во седиштето на компанијата во Сиудад Мексико животите ги загубија 37 луѓе. Во последниве години се регистрирани и неколку пожари и ексползии на платформи за вадење нафта на „Пемекс“ во Мексиканскиот Залив.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори