Најмалку 28 загинати во напади врз џамија во ирачкиот град Бакуба

Од:

Најмалку 28 луѓе загинаа и 41 се ранети во двоен напад врз џамија во центарот на ирачкиот град Бакуба, на 60 км. северно од Багдад.

Два автомобила-бомби експлодирале во момент кога верници ја напуштале сунитската џамија Ас Салам по петочната молитва, соопшти полицијата.

Во џамијата биле поканети сунити и шиити да се молат заедно.

Во средата 30 луѓе загинаа во самоубиствен напад пред шиитска џамија во Багдад. Во изминатите недели Бакуба и околните места беа цел на голем број бомбашки напади чија цел најмногу беа шиитите.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија