Бројот на жртвите во бомбашкиот напад кои го изведоа припадници на екстремистичката организација Боко харам врз џамија во Мајдугури се искачи на 28 лица, јавија нигериските медиуми.
– Пребројавме 28 тела, изјави Умар Сани, припадник на група која се бори против екстремистите во Нигерија, а учествуваше и во спасувачката операција.
Тој истакна дека нападот најверојатно го извршил еден бомбаш-самоубиец, иако се слушнале две експлозии.
Денешниот напад е последен во низата напади врз христијаните и муслиманите кои не се придржуваат на шеријатот, за кој се залага екстремистичката исламистичка организација Боко харам.
Мајдугури е најголем град во североисточна Нигерија и е место каде настана Боко харам.
Изминатите месеци во напади на бомбаши-самоубијци во Нигарија настарадаа над сто лица.