Најмалку 27 жртви во самоубиствен напад во Ирак

Од:

Најмалку 27 лица загинаа денеска во експлозија на автомобил бомба на автобуска станица во градот Мусајаб во Ирак, соопшти полицијата.

Бомбашот самоубиец со автомобил влетал на автобуска станица додека верници чекале автобус за враќање од светиот град Кебал, каде илјадници шиити секоја година заминуваат на празникот Арбаин, и повредил најмалку 60 лица.

Градот Мусајаб, каде е извршен нападот, се наоѓа на околу 60 километри јужно од Багдад.

По американската инвазија на Ирак и соборувањето на режимот на Садам Хусеин, кој не дозволуваше шиитски прослави, екстремистите често вршат напади за време на празникот Арбаин. За денешниот напад се уште ниту една група нема преземено одговорност.

Најновите насилства доаѓаат речиси две недели по протестите против шиитскиот премиер Нури ал Малики во кои учествуваа илјадници сунити во западната провинција Анбар, на границата со Сирија.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија