Најмалку 27 лица загинаа во Ирак

Од:

Најмалку 27 лица вчера загинаа во насилствата ширум Ирак кои само овој месец однесоа повеќе од 500 човечки животи.

Во нападите во Багдад, вклучувајќи ја и експлозијата на бомба во шиитскиот кварт Садр Сити, загинаа најмалку шест лица додека повеќе од 30 се повредени, потврдија официјални лица.

Северно од Багдад бомбаш самоубиец со камион, со експлозив уби четири а повреди осум лица, додека тројца роднини на заменикот на шефот на покраинскиот совет Салахедин, се убиени во близина на Баиџи.

Поради новиот налет на насилство ирачкиот кабинет расправаше за безбедносните предизвици и начини за нивно надминување, поради што објави низа мерки кои ќе ги преземе за да го сопре крвопролевањето.

Една од нив е и повикот до политичките партии да се сретнат и да им дадат поддршка на безбедносните агенции, како и предупредувањето до медиумите да не поттикнувааат секташко насилство, се наведува во соопштението на кабинетот.

Од почеток на мај до денес убиени се 507, а повредени 1.287 лица, со што овој месец стана најсмртоносниот во изминатите неколку години според податоците на агенцијата „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија