Две жени самобуијци денеска активираа експлозив на автобуска станица во Мадагали, североисточна Нигерија, при што загинаа 26 луѓе, а десетици се повредени.
Очевидец изјави дека нападот бил извршен од две тинејџерки.
Во близина на градот Мајдугури во синоќешниот напад на бомбаш-самоубиец загинаа најмалку 20 лица.
Во текот на денот имаше експлозии во џамија и на пат во Мајдугури, главен град на провинцијата Борнео. Во нападите загинаа седуммина.