Најмалку 26 лица загинаа во престрелка во северната мексиканска држава Чивава, изјави Феликс Гонсалес, портпарол на канцеларијата на државниот обвинител.
Инцидентот се случил покрај населеното место Лас Варас, а во него учествувале две вооружени групи.
Постои можност да се зголеми бројот на жртвите, истакна Гонсалес.