Најмалку 25 загинати во самоубиствен напад во шиитска џамија во Ирак

Од:

Најмалку 25 лица денеска загинаа откако атентатор самоубиец се разнесе во шиитска џамија во ирачкиот град Мусајаб, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се полицијата.

Експлозијата го урнала таванот на џамијата, каде луѓето оплакувале маж, кој бил убиен претходниот ден од бунтовници.

Под урнатините се уште има затрупани тела. Најмалку 50 лица се повредени.

Засега не е јасно кој стои зад нападот, што е последниот напад врз места за молитви – било шиитски или сунитски, особено за време на погреби.

Деликатниот баланс меѓу соперничките групи во Ирак е подложен на се поголема напрегнатост заради граѓанската војна во соседна Сирија, каде бунтовниците, кои се доминантно сунити, се борат против владата, поддржана од шиитски Иран. 

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија