Најмалку 24 загинати при пожар во центар за нарко зависници во Баку

Од:

Најмалку 24 лица загинаа рано изутринава во пожар во центар за рехабилитација на зависници од дрога во азербејџанскиот главен град Баку, соопшти Јавното обвинителство на Азербејџан.

Сите загинати биле штитеници на центарот, кои не можеле да избегаат од огнот затоа што биле врзани за креветите во кои спиеле.

Претходно, претставници на азербејџанските министерства за задравство и за вонредни состојби информираа дека се стравува оти во пожарот животите ги загубиле меѓу 25 и 30 лица.

Локалните медиуми јавија дека од опожарената еднокатна дрвена градба успеале да спасат 34 лица, од кои три се пренесени в болница.

Причините за пожарот засега не се официјално познати, но се претпоставува дека огнот избувнал поради дефект во електричната инсталација.

На местото на пожарот, кој бил изгаснат по интервенција на противпожарната служба, утрово пристигна и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Во мај 2015 година во пожар во повеќекатница во предградие на Баку загинаа 15 луѓе, а во огненна стихија во градското метро во 1995 година животите ги загубија 289 лица.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска