Најмалку 23 лица се убиени и 50 повредени во самоубиствен напад за време на голем шиитски религиозен празник во североисточниот дел на Нигерија.
– Загубивме 15 членови во самоубиствен напад, извршен кон крајот на церемонијата за Ашура, со што се одбележува годишнината од смртта на имамот Хусеин, убиен во 680 година, изјави Мустафа Насиди, лидер на шиитската заедница во градот Потискум, во државата Јобе, каде е извршен нападот.
Според очевидци во нападот загинале над 23 лица. Освен напаѓачот, имало уште едено лице се експлозиви, но бил уапсен.