Најмалку 23 лица загинаа во напади во Ирак

Од:

Во експлозии на бомби чии мети биле шиитите, денеска загинаа најмалку 23 лица, а повредени се 84 во ирачките градови Хила и Карбала, соопштија полициски и медицински претставници.

Во градот Хила, две бомби поставени покрај пат со цел да погодат шиитски верници, умсртија 18 лица и повредија 71.

Во експлозија на автомобил во Карбала загинаа пет лица, а повредени се 13.

Шиитското мнозинство многу често е на мета на напади на сунитски екстремисти.

Милиони верници се собираат секоја година во Карбала по повод одбележувањето на смртта на имамот Хусеин, 680 година од новата ера.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија