Најмалку 225 загинати во земјотресот во Мексико

Од:

Во вчерашниот земјотрес во Мексико загинаа 225 лица, од кои најмногу, 94, во главниот град Мексико Сити, соопштија денеска мексиканските власти.

Мексиканската телевизија Телевиса јави дека тела на 32 деца и петмина возрасни се извадени од под урнатините на приватно училиште, срушено во катастрофалниот земјотрес. Од под урнатините спасувачите извлекле и 14 преживеани, а продолжува потрагата по уште 230 лица. Во спасувачките акции учествуваат и родителите на учениците.

Земјотресот, што се случи вчера во 13.15 часот по локално време (20.15 часот по средноевропско време), беше со интензитет од 7,1 степен според Рихтер. Земјотресот беше на длабочина од 57 километри под површината на земјата, со епицентар на 12 километри југоисточно од градот Ахочјапан во државата Морелос.

Голем број земји и организации, вклучувајќи ја и Европската унија, им понудија помош на мексиканските власти.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори