Најмалку 22 лица загинаа, а над 270 се повредени во серија експлозии на гасовод во јужниот дел на Тајван, соопштија локалните власти.
Премиерот на Тајван Џијанг Ји-хуа, изјави дека се случиле најмалку пет експлозии.
Несреќата се случи во градот Каосиунг во јужниот дел на земјата.
Меѓу жртвите се и пет пожарникари, соопшти националната противпожарна служба.