Во експлозија на бомба во пакистанскиот град Лахоре поврдени се најмалку 22 лица, соопштија официјални претставници на локалната власт.
Бомбата била поставена во паркиран камион со овошје, а од силината на експлозијата се урнал покривот на блиското училиште.
Во последните неколку години се поретки се нападите во главниот град на провинцијата Панџаб, но исламистичките милитантни групи се уште се активни и повремено изведуваат напади, пренесуваат британските медиуми.