Најмалку 22 лица убиени во серија напади во Багдад

Од:

Најмалку 22 лица беа убиени и 67 повредени во серија напади, извршени вечерва во мало временско растојание во ирачката престолнина Багдад.

Координираните напади, од кои повеќето со автомобили-бомби, беа извршени претежно во трговски реони.

Повеќето од осумте експлозии одекнаа во шиитски квартови, една – во квартот Дура, а друга во центарот на Багдад.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но тие носат знак на Ал каеда. Сунитски бунтовници, меѓу кои ирачкиот огранок на терористичката мрежа, водат кампања за дестабилизирање на владата доминирана од шиитско мнозинство.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија