Најмалку 450 луѓе загинаа во земјотресот во Напал

Од:

Министерството за внатрешни работи на Напел сооптшти дека најмалку 450 луѓе загинале, а 400 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Непал.

Најмалку 50 луѓе се затрупани под урнатините на деветкатната кула од 19 век во Катманду.

Земјотрес бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала.

– Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од два километри, а 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

Се уште не е познат бројот на повредени лица. Според очевидците во болницата во Катманду постојано пристигнуваат повредени луѓе.

Долината Катманду е густо населена со 2,5 милиони луѓе, а квалитетот на зградите е прилично лош.

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, во пакистанскиот град Лахоре и во Тибет. Земјотресот бил почувствувам дури и во Бангладеш, иако епицентарот бил на 745 километри северозападно од таа азиска земја.

Земјотресот предизвикал и лавина на врвот Еверест.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on